ГЕЦ 

Германскиот Енергетски Центар за обновливи енергии и енергетска ефикасност е формиран во ноември 2008 година во рамки на развојната соработка помеѓу Германија и Македонија. Поддршката на овој проект доаѓа од Германското Министерство за развој, а директната реализација преку GIZ (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit)од Eschborn. Се работи за PPP (Public Private Partnerchip) во кој, покрај GIZ како претставник на јавната страна, учествуваат и DGS (Deutsche Gesellschaft fuer Sonnenenergie – Германско друштво за сончева енергија) и Фирмата Phoenix Sonnenwaerme, и двете од Берлин.

Партнер во проектот и носител на Центарот во Македонија е ФБЕ (Факултет за бизнис економија) од Скопје.
За подетални информации за проектните партнери Ве молиме да ги погледате линковите кон нивните Интернет-страни.

Целта на Центарот е пренесување на најактуелните знаења од областа на обновливи енергии и енергетска ефикасност следеќји ги и користејќи ги искуствата на Германија како една од водечките земји во оваа област во светот.
Центарот ги следи следните приоритети:

а) Масовен и широк развој на употреба на регенеративни енергии.
б) Искористување на сите потенцијали за штедење енергија како предуслов за примена на регенеративните извори на енергија.

Во склоп на своите активности Центарот реализира обука за специјализирање од темите сончева енергија, соларна термија и енергетска ефикасност  како интегрирани наставни предмети за студентите на ФБЕ и како курсеви за специјализација на сите заинтересирани лица. Предавањата се одвиваат под водство на предавачи од Германија и за успешно завршување на курсевите слушателите добиваат признат сертификат за секоја од наведените теми.




Пилотобјект
Проектен концепт
Вештачење (превод)
Известување од Топлификација (заштеда на грејна енергија од 50%)



 

© Copyright by GEC 2008. Сите права се задржани.

Линкови

Agreement for Cooperation EA/GEC


 

 

stat tracker for tumblr